Американските авиони бомбардери „Б-52“ кои Белата куќа ги упати кон Персиски Залив поради неодредена закана од Иран, пристигнаа во американската воена база во Катар.
Американската воздухопловна централна команда објави фотографија на која се прикажани бомбардери како синоќа пристигнуваат во базата Ел Удеид во Катар.
Белата куќа во неделата објави дека ги испратила носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и бомбардерите во Персискиот Залив поради наводните закани од Техеран. Американската администрација не објасни за какви закани станува збор.
Носачот на авиони „Абрахам Линколн“ вчера помина низ Суецкиот Канал и плови кон Персискиот Залив.
Иран во средата најави делумно повлекување од нуклеарниот договор од 2015 година, една година откако САД се повлекоа од Договорот.
Иранскиот претседател Хасан Рохани на европските лидери им даде рок од 60 дена да изнајдат начин да го заштитат Иран од американските санкции или во спротивно Техеран ќе почне да збогатува ураниум до ниво потребно за да се користи за вооружување.
JUST IN: Air Force releases video of B-52s from the 2nd Bomb Wing taking off from Barksdale Air Force Base for U.S. Central Command pic.twitter.com/DVgSmYil9U
— Dave Brown (@dave_brown24) May 8, 2019
Comments are closed for this post.