Новиот пиштол ПЛ-15 К кој користи муниција со калибар 9х19 наскоро ќе го замени најраспростанетиот руски пиштол Макаров. Овој пиштол се развива на концептот на Калашников и е вистинко чудо.

Кога прв пат ќе го земете во рака имате чуство дека го имате најновиот Ајфон. Едноставно лежи во рака и има мек метал.

Рачката за контрола на истрелот се вклопува на палецот на тој што пука од него. Не е потребна речиси никаква сила го се испукува куршум. Се е блиску и меко.

Пиштолот е дизајниран според принципот на асиметрична забрана на цевката. Стандардната цевка на ПЛ-15 е 120 мм, а должината на системот е 207 мм.

Поседува и колиматорски нишан, тактичка лампа и ласерски обележувач. Единствена маана, ако може да се каже дека има маана, е што е непознато колку куршуми може да испука пред да стане неупотреблив.