Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп го нарече пензионираниот адмирал на американската морнарица Питер Нефенгер како „врска“ помеѓу противникот Џо Бајден и манипулацијата со софтвер за електронско гласање на претседателските избори во САД.
Адвокатите на Трамп Руди Џлијани и Сидни Пауел наведуваат дека „Смартматик“, чиј претседател на управниот одбор е пензиониран адмирал Питер Нефенгер, стана член на преодниот тим на Бајден, беше во центарот на местењето на изборите на 3 ноември.
Со холдинг компанијата „Смартматик“ претседава Нефенгер, соработник на влијателниот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос, која неодамна доби значителни средства од украинска компанија која го вработи синот на Бајден.
Џлијани во неделата за „Фокс њуз“ изјави дека „Смартматик“ доставил софтвер за машините за гласање „Доминион“ кои „се расипале“ и му пренеле 6.000 гласови од Трамп на демократскиот кандидат Бајден во само една рурална област во Мичиген.
Пауел истакна дека Нефенгер е претседател на компанијата „Смартматик“ и член на управниот одбор на таа компанија.
Comments are closed for this post.