Група адвокати планираат да ја тужат Светската здравствена организација(СЗО) за „доведување во заблуда“ на светот во однос на тоа колку е опасна пандемијата од Ковид-19, како и за мерките преземени за нејзино сузбивање кои, според нив, нанеле сериозни штети врз животот на луѓето и светската економија.
Иницијативата доаѓа од д-р Рејнер Фјелмих, познат по добиените процеси против Дојче банк и Фолксваген. Според него, „кризата од коронавирусот“ треба да биде преименувана во „измамата коронавирус“ и главните виновници да бидат осудени за делото „злосторство против човештвото“, еднакво на Нирнершкиот процес. Тој објави видео на YouTube со детално објаснување за своите барања, но тоа беше отстрането од платформата.
Прво, има ли пандемија од Ковид-19 или само пандемија од PCR тестови, поточно дали резултатот од PCR тестот значи дека индивидуата е заболена од Ковид-19 или нема ништо заедничко со инфекцијата од Ковид-19?
Второ, дали т.н. мерки против коронавирусот, ако што се изолацијата, маските и социјалната дистанца служат за да ги заштитат луѓето од коронавирусот или единствено служат да внесат паника за да веруваат луѓето дека нивниот живот им е во опасност без да се прашаат, така што на крајот на краиштата фармацевтските и технолошките компании да заработат огромни суми од профажбата на PCR тестовите, од рдуги тестови и од вакцини?
Дали е вистина дека имало лобирање кај германската влада, могу повеќе од било која друга, од главните актери на т.н. пандемија од коронавирусот? Германија е позната како особено дисциплинирана држава и требала да служи како модел за користење во светот со своето стриктно и доследно успешно придржување кон мерките за коронавирусот.
Освен прашањата, Фјелмих објави дека ислушал огромен број мислења на научници и експерти и ако докаже дека PCR тестовите немаат ништо заедничко со инфекцијата од Ковид-19, луѓето кои биле подложени на мерки за ограничување од коронавирусот ќе имаат право на обесштетување. Адвокатот на крајот тврди дека ќе ги тужи виновните за „злосторство против човештвото“.
Comments are closed for this post.