Силна снежна бура а погоди Москва, и повеќе од 60.000 комуналци и 13.500 возила со специјална опрема дење и ноќе ги чистат улиците и носат снег на места каде што се топи, прочистува и фрла во реки.

На овој начин комуналните служби во Москва се обидуваат да спречат колапс што може да се случи, бидејќи се очекува до денеска да паднат повеќе од 35 сантиметри снег, а висината на снежната покривка до понеделник да биде повеќе од половина метар.

Времето е многу студено, возачите не можат да ги контролираат возилата на мразот, а повеќето московјани, кои утрово тргнаа на работа со автомобил, доцнеа на својата дестинација, пренесуваат локалните медиуми.

Поради мразот и намалената видливост, возачите се повикуваат да бидат претпазливи, да не возат брзо и да држат растојание.

Улиците се завеани, комуналните служби постојано работат, а сообраќајот се одвива бавно и отежнато.

Во градот постојано работат 56 стационарни „топилници“, како и 38 подвижни „топилници“ на снег – специјални возила што го топат и прочистуваат снегот „во од“.

По улиците постојано поминуваат вакуумски правосмукалки и мала механизација, како и „тешка механизација“.

Механизирано се топи и мразот на улиците и тротоарите, а снегот се носи на посебни депонии.

Последен пат во Москва волку снег имало во 2018 година, а невремето овој пат го донесе балканскиот циклон „Волкер“.