Кога во четврток претседателот Владимир Путин ќе пристигне во Белград за неговата безбедност ќе се грижи федералната служба ФСО. Станува збор за 250 од најелитните руски специјалци, попознати како „духовите на Путин“.
ФСО има корени од времето на КГБ и се одговорни за првите луѓе претходно на Советскиот сојуз, а сега на Русија.
Облечени се во црни костими со микрофони во ушите, а дел се во „цивилка“, измешани меѓу обичните луѓе.
Не се дозволени никакви податоци за нивните припадници, освен дека на чело на ФСО е Јевгениј Муров, човек од доверба на Путин
Comments are closed for this post.