Гибралтар, против кој завчера играше македонската фудбалска репрезентација е британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров, на Гибралтарскиот Проток.

Територијата се граничи на север со Шпанија, а останатите делови се опколени со Средоземното Море и Атлантикот. Гибралтар историски бил многу важна стратешка точка поради што бил предмет на напади и освојувања, а од 1713 со Договорот од Утрехт е под контрола на Велика Британија.

Статусот на Гибралтар е предмет на спор помеѓу Велика Британија и Шпанија. Шпанија бара враќање на суверенитетот или поделен суверенитет со Британија, но повеќето Гибралтарци се противат на ова.

Територијата на Гибралтар зафаќа 6,8км². Поради недостигот на простор, околу една десеттина од територијата е добиена со насипување во морето a има околу 30.000 жители

Службен јазик е англискиот, но се говори и шпански.

Гибралтар е управуван од Кралицата Елизабета II, која е претставена од Гувернер. Велика Британија ја задржува обврската за одбраната, меѓународните односи, внатрешната безбедност и финансиската стабилност. Гувернерот официјално го назначува Главниот министер и владините министри по општи избори. Еднодомниот парламент се состои од 17 избрани пратеници. Гибралтар е дел од Европската Унија, со исклучок на царинската унија и заедничката политика во земјоделството.