На 13-годишниот Дерек Роса од Флорида ќе му се суди како на полнолетно лице за свирепото убиство на неговата мајка. Монструозниот чин се случил на 12 октомвр, по што тој се јавил во полиција и пријавил дека ја избодел мајка си додека таа спиела покрај неговата двонеделна сестра.

Медиумите претходно ја објавија аудио снимката од разговорот помеѓу момчето и диспечерот.

Наводно, Роса му кажал на диспечерот дека ја фотографирал својата мајка Ирина Гарсија (39) и ги испратил фотографиите на своите пријатели.

Ја фотографирав мајка ми и им кажав на пријателите што се случи. Дали е тоа лошо? Низ подот има крв, му рекло момчето на диспечерот во текот на 18-минутниот разговор.

Разговорот завршил кога полицијата упаднала во куќата.

Имам пиштол. Сакав да се застрелам, но не, не сакав. Ножот е во мојата соба, а во дневната има пиштол, рекло меѓу другото момчето.

Тој не присуствуваше на првото судско рочиште кое се одржа во петокот, туку во негово име пред судот  се појавија неговите татко и баба.

Дерек е многу скромно и мирно дете и никој не можеше да замисли дека тоа некогаш ќе се случи, рекол неговиот татко Хозе Роса на сослушувањето.

Момчето е задржано без можност за кауција и моментално е во воспитно-рехабилитационен дом во Мајами.