Иран разви оружје со дострел од речиси 4.000 км кое може да ги загрози големите европски градови како што се Лондон, Берлин, Париз и Рим, пренесе „Блиц.рс.
Нападот на Иран врз американско-британската воена база на островот Диего Гарсија го откри дострелот на користените ракети – тој ги надминува капацитетите на оружјето во познатиот арсенал на Техеран. Островот се наоѓа на околу 3.800 километри од Иран, речиси двојно повеќе од 2.000 км за кои се сметаше дека се максималниот дострел на Техеран, што значи дека големите европски градови се во дострел и се изложени на ризик.
Иран го таргетираше островот со двостепена интерконтинентална балистичка ракета. Ова се однесува на ракети со најмалку два ракетни мотори, од кои едниот ѝ овозможува на ракетата да стигне до вселената, а другиот ја турка до целта – со дострел до 4.000 км.
Некои експерти сугерираат дека Иран можеби ја користел својата технологија за вселенско лансирање Симорг за да го зголеми дострелот на своите ракети, односно да ги модифицира возилата за лансирање од вселената за да го извршат нападот. – Балистичките ракети се вселенски ракети. Тие се лансираат, одат многу високо, а потоа се враќаат со голема брзина.
Ако имате вселенска програма, имате и програма за балистички ракети – изјави за „Дејли меил“ Стив Прест, поранешен комодор на Кралската морнарица.
Извор: Блиц.рс







Comments are closed for this post.