Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе во сабота, но дека временската рамка за каква било акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд, објави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Трамп сè уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе го изврши нападот, рекоа аноимните претставници.

Разговорите се опишани како „континуирани“, додека Белата куќа ги проценува ризиците од ескалација и политичките и воените последици од воздржаноста.