Постарите сигурно ќе се сетат на Светското првенство во 1986 година во Мексико кога играа Аргентина и Англија на популарната „Атстека“. Аргентиците победија со „божјата рака“ на Марадона и тоа е веќе историја. Но, малкумина знаат што се случувало пред мечот со опремата на Аргентиците. Снабдувач на дресови на „Гаучосите“ тогаш бил францускиот „Ле Кок спортиф“.

Но, FIFA барала традиционалните дресови сино бели на Аргентина да се разликуваат од белите на Англија. Втората гарнитура не ги задоволувала квалитетите и многу ги потела играчите па селекторот Биљардо наредил да се најдат маици место дресови. Да маици.Во Мексико сити купиле обични темно сини маици и локални шивачки пред мечот шиеле броеви и лого на Аргентина и на „Кок спортиф“.
Со тие маици Марадона ја даде „божјата рака“ а подоцна стана и шампион.







Comments are closed for this post.