Славниот Португалец бјави фотографија од сауна, каде често сака да се релаксира, а еден детал на неа привлече невидено внимание.

Навивачите веднаш забележаа дека Португалецот си ги лакира ноктите на нозете и поради тоа стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Но и за ова има разумно објаснување.

Познато е дека Роналдо е перфекционист и дека е исклучително посветен на тренинзите, исхраната и дека многу се грижи за своето здравје. Затоа, како и ММА борците става лак за да ги заштити од габи и бактерии кои лесно може да се пренесат во сауната и другите места каде што престојува без чевли.