Елена Капеларо го напушти тимот на Новак Ѓоковиќ заедно со Едуардо Арталди. Не се знае многу за жената која последниве години многу време поминуваше со Новак и неговата сопруга Јелена.
Елена му беше менаџерка на Новак, се занимаваше со односи со јавноста и се грижеше за имиџот на најдобриот српски тенисер.
Новак го запознала преку нејзиниот сопруг Едуардо Арталди, кога во 2009 година Ѓоковиќ потпишал вносен договор со познатиот италијански бренд „Серџо Тачини“, кој тогаш го застапувал Едуардо.
“Практично живеевме заедно. Јас и Елена се обидовме да ја создадеме атмосферата која му е неопходна, знаејќи колку време поминува на патување низ светот, разделен од семејството”, открил еднаш Италијанецот.
Кога Новак ја прекина соработката со познатиот италијански бренд, Едуардо и Елена продолжија да се грижат за кариерата на српскиот ас и со текот на времето станаа исклучително блиски со Новак и членовите на неговото семејство.
Comments are closed for this post.