Францускиот стратег, Зинедин Зидан е заразен со коронавирусот потврди неговиот клуб Реал Мадрид.

Последните тестирања покажале дека Зидан е позитивен, па сега ќе мора да биде во карантин, самоизолација некое време, поточно додека не го надмине овој здравствен проблем. Реал овој викенд со соочува со Алавес и на истиот Зидан нема да биде присутен, но се очекува да биде во „аут“ и за следните предизвици на кралевите.

Неговото место ќе го заземе асистентот Давид Бетони кој веќе ја информираше јавноста дека Зидан добро се чувствува, но и дека Французинот ќе биде тој што ќе ја подготвува тактиката и ќе го селектира тимот.