Љубителите на ракометот се уште зборуваат за повредата на германскиот играч во редовите на Вардар Кристијан Дисингер. Тој во финишот на првото полувреме на дуелот со Загреб се обиде да се крене од девет метри за да шутира.

Во тој момент Поточник го крена во воздух и Кристијан со сета сила падна на паркетот држејќи се на левата рака. За среќа нема скршеница и тој ќе се опорави за неколку недели.