Македонскиот фудбал тоне сѐ подлабоко.На стартот на Лигата на нации не успеавме да ги победиме ниту Фарските Острови. Во Торшавм само 1-1.Она што е разочарувачки што островјаните беа поблиску до победата.
Напаѓаа постојано и само добрите одбрани на Димитриевски не спасија од пораз. Она што избраниците на Милевски го направија е пеналот на Барди и два-три промашени зицери на Миовски и Чурлинов од петерецот на домашнииот голман.
Премалку за репрезентација која има амбиции повторно да игра на едно големо натпреварување. Лигата на нации е добра можност но со ваква игра тешко. Единтвеното позитивно е што во разигрувањето одат две репрезентации од секоја подгрупа па веројатно ќе бидеме барем втори.
Следната шанса за поправање на впечатокот е во вторник против Ерменија на „Градски“.
Comments are closed for this post.