Во недела се игра ново „Ел класико“. На „Ноу Камп“ Барселона ќе го пречека Реал Мадрид. Во моментов Барселона е лидер на табелата со 18 бодови. Реал Мадрид е дури седми со четири бода помалку.

Барселона ќе биде осетно ослабена поради неиграњето на Лионел Меси. За Реал нема да игра Карвахал на чие место ќе настапи Начо. Хозе Марија Санчез Мартинез ќе ја дели правдата на дербито. Првото „Ел класико“ сезонава се игра во 16:15 часот.