133 години историја на едно место.Кога Карл Бенц и Готлиб Дајмлер во 1886 година ги правеле првите обиди да создадат подвижен мотор, не ни претпоставувале дека тоа ќе прерасне во автомобилски гигант симбол за квалитет и издржливост.

 

Сите модели од век и половина собрани се во музејот на Мерцедес во Штутгарт каде е и седиштето на компанијата. И додека производствените  капацитети зафаќаат неколку квартови на градот, музејот е сместен во модерна зграда во која покрај изложбен има и продажбен дел со најновите модели.

Пред зградата стои бистата на Хуан Мануел Фанџо, еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1 кој се прослави во болидот на Мерцедес во педесетите години од минатиот век.

Музејот е поделен на неколку етапи,почетоците на компанијата, првите автомобили, спортските модели, класиците, како и луксузните модели, автобуси, хипи комбиња и сл.

Она што првивлекува најголемо внимание е дека иако тоа е музеј, се си има своја цена и е на продажба. Па така, паметните Германци се сетиле дека моделите кои биле популарни во шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години повторно можат да ги произведат.

Изгледот и внатрешноста на моделите е иста како на времето но со мотор која одговара на денешните барања на клиентите. Се прашувате кој  дава пари за стари модели. Како што ни објаснија водачите, најчести купувачи се богатите Арапи кои не прашуваат за цена кога се работи за модел кој го возеле во младоста самите тие или нивните родители.

Па така, за нив не е никаков проблем да издвојат 395.000 за модел од 60 и некоја година или пак, 200.000 за тој од седумдесетите години на минатиот век.

Моделите кои беа актуелни во осумдесеттите години, и кои се уште можат да се најдат и на нашите патишта се меѓу поевтините и можат да се најдат и за 35.000 евра.

Обиколката во музејот завршува со продавница во која се е во знакот на Мерцедес од пенкала до количка-играчка која чини дури 700 евра.