Со аплаузи, овации, запалени факели, химна, скандирање на неговото име… илјадници граѓани го пречекаа и поздравија македонскиот спортски херој, Дејан Георгиевски, при неговото враќање од Олимписките игри во Токио.
На пристигнувањето кон плоштадот Македонија, Герогиевски помина низ триумфалната капија додека им отпоздравуваше на насобраните граѓани кои еуфорично го славеа неговиот сребрен медал.
Сепак, на прославата и недостасуваше еден многу важен елемент, а тоа е официјализирање, односно државна поддршка и присуство. А, такво нешто немаше.
Ако се суди според објавите на социјалните мрежи, ниту еден државен функционер или претставник на власта, не учествувал ниту бил присутен на пречекот на олимпискиот вицешампион. Можно е и да биле присутни, а да не објавиле фотографија или видео, но според тоа колку милуваат да се фалат на социјалните мрежи за се и сешто, тешко е веројатно дека не би објавиле присуство на славјето за големиот успех на Дејан Георгиевски, што е огромен успех и за целата држава.
Оттука се поставува прашањето, на што се должи бојкотот на власта на успехот на Георгиевски и што им пречеше за да изразат радост и поддршка и лично да присуствуваат на неговата прослава.
Можеби, сепак, имало владини функционери, но не сакале јавно да објават дека се радуваат за Дејан. Или, пак, можеби им пречело тоа што меѓу насобраниот народ имаше многумина што го вееја знамето со ѕвездата од Кутлеш.
Една можна причина за отсуството е и неможноста да се излезе од ситното дневно политикантство, па непремостлива пречка да било тоа што тренер на Георгиевски е Дарко Косотовски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а тука е и можноста дека функционерите на СДСМ до толку не сакале да застанат под Триумфалната капија, изградена од нивниот политички противник, што одлучиле воопшто да не „се израдуваат“ на големиот македонски успех.
Comments are closed for this post.