Веспрем е победник на Сеха лигата. Во финалето го растури Вардар и тоа повеќе од заслужено.Унгарскиот тим беше супериорен и му покажа на Вардар колку му се силите оваа сезона.
Унгарците имаат по двајца супер играчи на секоја позиција кои „мелат“ 60 минути.
Згора на тоа Веспрем има половина поранешни вардарци во тимот како Македа, Борозан, Манасков, Шишкарев, па и тренерот Дејвис кои имаа екстра мотиви да играат против довчерашните соиграчи.
Но, сепак најдобриот играч на Веспрем беше голманот Коралес кој фати се што можеше да се фати. Секоја чест за шпанскиот голман.
Comments are closed for this post.