Првиот голман на македонската машка ракометна репрезентација Никола Митревски  се приклучи на националниот тим во Дебрецен, каде што е во тек Европското првенство 2022. Митревски беше дочекан со овации од соиграчите.

Митревски не замина со репрезентацијата на континенталното првенство бидејќи последниот ковид-тест пред тргнувањето му беше позитивен.

Откако вчера имаше негативен тест во Скопје, тој тргна на пат кон унгарскиот град, а денеска веќе му се стави на располагање на селекторот Кире Лазаров.

Вечерва во 20 часот Македонија игра против Црна Гора