Да не скокнев во море ќе ме убиеја, сведочи за хрватските медиуми еден од ватерполистите на српскиот клуб Црвена Ѕвезда кои денеска беа нападнати од хулигани во Сплит, Хрватска.

Дел од лсучајните минувачи пак во изјави за медиумите велат дека ватерполистот се обидувал да се спаси и со тоа што викал дека е Црногорец.

Инцидентот се случи во 13:30 во центарот на Сплит. Беа нападнати некоку ватерполисти кои вечерва требаше да играат против Морнар. Натпреварот е одложен.