РК Вардар на својата интернет страница објави соопштение дека нивниот играч Кристијан Дисингер не е посериозно повреден по грубиот старт на тунискиот репрезентативец Сисе на мечот со Монпеље.

-Кристијан Дисингер мина само со набиници на колкот по незгодниот удар што го доби уште на почетокот на натпреварот со Монпелје. Веднаш замина на преглед во „Систина“ каде му беше извршено снимање и целосен лекарски преглед.Утврдено е дека нема посериозни повреди ниту скршеници-стои во соопштението.