Mакедонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 20,30 часот гостува на ППД Загреб во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Двата тима во европските купови се сретнале десет пати. На последните четири натпревари од Лигата на шампионите, „црвено-црните“ запишаа 3 побед. На вкупно четири натпревари, македонскиот тим победувал, а петпати подобар бил тимот од главниот град на Хрватска.
Сергеј Горбок и Владо Недановски нема дабидат достапни за тренерот Роберто Парондо, но во екипата се враќа и Вуко Борозан.
Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал. Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на ЛШ. Сега не смееме да направиме грешка и мораме да бидеме подобри од Загреб, изјави Парондо.
Дуелот вечерва помеѓу македонскиот и хрватскиот тим е прогласен за меч на неделата. ППД Загреб на средбата со медиумите се пофали дека интересот е голем за овој натпревар и дека салата е распродадена.
Comments are closed for this post.