Екипата на Вардар вечерва од 19 часот во спортската сала „Вароши” го игра реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПИК Сегед.
„Црвено-црните” синоќа го одбработија единствениот тренинг и подготвени се да ги одбранат осумте гола позитива од мечот со Скопје (31-23) со што ќе обезбедат пласман на „Фајнал фор” турнирот во Келн, кој ќе биде трет за тимот.
Ова ќе биде десетти меѓусебен дуел на двата клуба, откако скопскиот тим славел шест пати, еднаш загубил, а две средби завршиле нерешено. Сезонава во најелитното ракометно натпреварување, Вардар на гости запиша пет победи, два пораза и едно реми, додека Сегед дома има шест триумфи, двапати ремизираа и нема ниту еден пораз.
Во однос на ростерот, Парондо нема да менува ништо во реваншот со ПИК Сегед.
На голот ќе бидат Милосављев и Гедбан, на бековската линија Кристопанс, Карачиќ, Скубе, Горбок, Војводиќ и Кисељев. Дибиров, Шишкарев, Чупиќ, Поповски и Недановски се крилата, додека пикери се Стоилов, Мораес и Калараш.
Натпреварот ќе го пропушти германскиот интернационалец во редовите на Вардар, Кристијан Дисингер поради повреда.
Comments are closed for this post.