Раководството на Челзи се помирило со тоа дека Еден Азар ќе го напушти „Стемфорд Бриџ” по крајот на сезоната, информира британскиот печат.

Според информациите, од Челзи е побарано да се придржува до договорот, што го постигнале со Азар минатата година. Тогаш шефовите му ветиле на Белгиецот дека може да го напушти тимот, доколку одигра уште една сезона на „Стемфорд Бриџ”.

Токму поради тоа, Челзи сега е поставн во тешка ситуација и ќе мора да ја прифати понудата на Реал Мадрид за Еден Азар.

Во секој случај, Челзи ќе се обиде да го продаде Азар при многу добри финансиски услови.

Англискиот клуб веќе ја одбил понудата од Реал Мадрид од 67,9 милиони фунти за белгискиот фудбалер.

Договорот на репрезентативецот на Белгија со Челзи истекува летото 2020 година.

Челзи не го негира договорот постигнат со Азар, но клубот ќе бара да го продаде играчот само под одредени финансиски услови