Центарот на Индијана пејсерс, Мајлс Тарнер, го изблокира шутот на Антонио Блекни со звукот на сирената, со што и донесе победа на својата екипа на гостувањето против Чикаго булс со 107-105. За Тарнер тоа беше шести блок на средбата со што 22-годишниот кошаркар го изедначи својот личен рекорд во оваа статистичка категорија.

Освен тие шест блокади, Тарнер беше одличен и во офанзивниот дел каде што придонесе 18 поени со шут од игра седум од 10.

Најефикасен за Индијана беше Виктор Оладипо со 25 поени, на кои додаде и 14 скокови и пет асистенции, со што го предводеше својот тим до четвртата победа по ред на гости и шеста од девет одиграни средби.

Резултати од останатите натпревари

Орландо – ЛА Клиперс  95-120

Бруклин – Хјустон  111-119

Вашингтон – Оклахома сити  111-134

Феникс – Торонто  98-107

Голден Стејт – Минесота  116-99

Далас – Њујорк  106-118

Јута – Мемфис  100-110