Вардар и Металург денеска ги играат последните натпревари во ракометната Лига на шампиони за оваа година.

Вардар на домашен терен од 17:30 во спортскиот центар Јане Сандански го пречекува Кјелце во натпревар за борба за второто местоо на табелата.

Во екипата на Вардар поради повреда нем да настапат Борозан и   Мораеш, а Кјелце нема да може да смета на Јурецки.

Металург пак од19:30 го очекува дуел со Татран Прешов. Без оглед на исходот на натпреварот Металург ќе остане последен на табелата.