Вардар запиша заслужена победапротив Монпелје со 28-25, на полувреме имаше предност со 14-10.

Македонскиот шампион одигра перфектен меч, го имаше одличниот Томовски на голот, одигра совршена одбрана, во еден момент водеше и со осум гола предност 13-21 и 14-22.

Црвено-црните одиграа можеби најдобро сезонава во Лигата на шампионите, го земаа „скалпот“ на лидерот во групата и запишаа голема победа.