Македонскиот ракометен шампион по трет пат во низа се најде меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Црвено-црните ќе играат на фајнл фор во Келн откако вечерва против ПИК Сегед во Унгарија успеаја да ја одбранат разликата од осум голови од првиот натпревар во Скопје.
ПИК Сегед победи со 29:25, но тоа беше недоволни за унгарскиот преттставник. На полувремето Унгарците имаа предност од осум голови 17:9. Вардар во второто полувреме надомести дел од разликата. Пред се со одличната играна Карачиќ, Стоилов и одбраните на Миолсављев во финишот на средбата.
Comments are closed for this post.