Поради тековната пандемија COVID-19, Европската ракометна федерација го одложи VELUX EHF FINAL4 2020, како нов датум е од 28 до 29 декември 2020 година во Лаксес ареата во Келн, Германија. Билетите што веќе се купени остануваат валидни за декемвриското издание, се вели во соопштението на Европската ракометна федерација.
Ф4 викендот од ЕХФ Лигата на шампионите првично беше закажан за 30 и 31 мај. Сепак, во светлото на светската здравствена криза, веќе беше преместена еднаш на својот прв алтернативен датум – 22 и 23 август – пред повторно да се одложи.
„Од гледна точка на европскиот клупски ракомет – ова мислење беше поддржано од главните клупски претставници на координативната средба минатата недела – постои заедничка волја да се организира ЕХФ Ф4 во 2020 година“, изјави Михаел Видерер, претседателот на ЕХФ.
Веќе во втората недела од март, ЕХФ ги прогласи 22 и 23 август како прв алтернативен датум за Ф4.
Додека континуирано се следи кризната состојба низ Европа, како и различните владини мерки, како забрани за големи настани и патни ограничувања, во текот на изминатите недели беа направени планови за непредвидени состојби со локалните партнери и градот Келн – а Ланксес арената беше привремено резервирана за 28 и 29 декември 2020 година – откако не беше можно да се одржат датумите во август.
На состанокот на 24 април, Извршниот комитет на ЕХФ ќе донесе одлука за тоа како ќе заврши европската ракометна сезона 2019/20 година. Ова исто така ќе вклучува и објава на „Патот до Келн“, т.е. квалификација на клубови на Ф4 турнирот 2020.
„Во секој случај, ова ќе биде одлука заснована врз спортски резултати постигнати во веќе завршени рунди“, рече Видерер
Comments are closed for this post.