Претседателот на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина изјави дека нема да се откаже од намерата да даде се од себе за да заврши сезоната во Серија „А“.

Според него, целиот систем ќе има корист од евентуалното обновување на првенството. Вчера, Џовани Реца, директор на одделот за инфективни болести при италијанската здравствена служба, изрази сомнеж дека тоа е можно и ги опиша плановите за започнување на сезоната како „нереални“.

– Ја почитувам науката, но не можам да се откажам. Ние работиме на тоа како да го обновиме првенството, не кога. Кога Италија ќе се врати во живот и кога ќе се воспостават сите вистински услови, тогаш ќе се врати фудбалот. Го кажувам тоа еднаш засекогаш. Шампионатот треба да заврши! Има време за тоа. Сите ќе одлучиме кога, рече Гравина.

Претседателот ја отфрли можноста за одигрување на натпревари во едно коло, но не исклучи да нема повеќе натпревари оваа сезона во Северна Италија.

– Првенство без натпревари на Северот се можни, но не можеме да одиграме 10 натпревари за еден викенд на само еден стадион. Ќе ни требаат и 20 спортски центри. Новата сезона нема да започне без старата да заврши. Немаме краен рок кога да го обновиме првенството. Ако ни дозволат да почнеме на почетокот на јуни, имаме можност да завршиме до крајот на јули, рече Гравина пред „Република