Ракометарите на Вардар отпатуваа за Шведска каде утре попладне од 19 часот го играат мечот од 13 коло во група „А” од Лигата на шампионите против Кристијанштад.

За Шведска не отпатуваа Вуко Борозан и Марко Мишевски. Левиот бек се уште чувствува болка и ќе остане во Скопје и ќе работи под посебна програма за рехабилитација.

„Вуко Борозан има болка, а уште 2-3 играчи истотака имаат проблеми, но тие ќе патуваат и ќе играат. Размислуваме само за овој меч во сабота, и тој единствено не интересира. Кристјанштад има нов тренер и тие покажаа дека играат добро на домашен терен, сосема спротивно кога се гости. Имаат и нов тренер и затоа не знаеме што се може да подготват. Ние сме подготвени да играме онака како што знаеме“, изјави тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

Вардар е третопласиран на табелата со 15 бода, еден помалку од Веспрем. На првиот меч сезонава во Скопје, во второто коло Вардар триумфираше со 33-25.