Најдобриот фудбалер во светот во изборот на Светката фудбалска асоцијација ФИФА и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Лука Модриќ го продолжува договорот со шпанскиот великан Реал Мадрид до летото 2021 година.

Како што наведуваат шпанските медиуми, двете страни направиле договор според кој капитенот на хрватската репрезентација става точка на шпекулациите околу заминувањето од „Бернабеу“, пред се во Интер од итлијанскиот Милан.

Модриќ, со новата соработка, останува во редовите на актуелниот првак на Европа до својата 36 година, а планот му е кариерата да ја заврши во шпанската престолнина Мадрид.