Дури ни најголемите познавачи на фудбалот сигурно не слушнале за фудбалер по име Карлос Енрике.

Тој во родниот Бразил е познат како најголема измама во фудбалот на 20 век. Тој иако немал фудбалски талент,  поседувал многу други таленти, како што се шарм, заведување и симулирање.

За што всушност се работи. Кајзер, како што му е прекарот, настапувал за најголемите бразилски клубови како напаѓач иако нема постигнато ниту еден гол. Се прашувате како е тоа можно. Тоа се должи на пријателството на Карлос со најголемите ѕвезди од типот на Бебето и Ромарио кои ги убедувале газдите дека има едно „дете“ кое растура.

Клубовите верувале на зборот на ѕвездите и го ангажирале. Но, за чудо, секогаш кога требало да настапува тој симилирал повреди и никогаш не влегувал во игра. Повредата значело ново отсуство од неколку недели.

Кога на еден од тренерите му дошло преку глава и решил да го стави во игра, Кајзер направил неочекуван потег и почнал да се кара со публиката. Оправдување овојпат нашол што некој наводно му ги пцуел родителите.

Отсуството од терените, Кајзер го користел да заведува девојки, кои особено се лепеле за фудбалери.

Славата на Кајзер стигнала и до Франција. Тој во средината на деведесеттите години потпишал за клубот Ајачио. Се разбира дека и таму не заиграл ниту минута и бил избркан за неколку месеци.

Секоја чест, за вакво нешто треба да се сними филм.