Ракометната репрезентацијата на Македонија отпатува за Цирих, каде утре ќе игра против Швајцарија, во квалификациите за ЕП. Во првото коло, Македонија ја победи Финска, а Швајцарците беа поразени во Данска.
Во текот на вчерашниот ден беа извршени дополнителни тестирања на коронавирусот. Тестовите на ракометарите биле негативни, додека еден позитивен има во од стручниот штаб.
Селекторот Данил Брестовац ред мечот со Финска остана без помошниците За Никола Матлиески и Александар Царчев, поради што беше повикан и тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ, но и тој беше позитивен на коронавирусот, па на крај дојде повик до Ице Соклески.
Од играчите пред дуелот со Финците позитивните тестови имаа Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски. Овие тројца не се во комбинација ниту за мечот со Швајцарија.
Comments are closed for this post.