Календарот за 2021 година ќе има уште една нова трка – трката за Големата награда на Саудиска Арабија во градот Џеди. Трката е планирана за месец ноември 2021 година.

Станува збор за улична трка во ноќен термин. Трката во 2021 година ќе биде прва трка во Саудиска Арабија и е дел од повеќегодишниот договор помеѓу Formulna 1 и Авто-мото федерацијата на Саудиска Арабија (SAMF). Домаќин ќе биде, како што е наведено, Џеда, град на брегот на Црвеното Море, богат со културна историја и втор по големина град во Саудиска Арабија.

Остатокот од календарот за 2021 година ќе биде познат наскоро.