Велшанецот Џон Филипс го совлада македонскиот борец Ален Амедовски за само 17 секунди на УФЦ натпреварувањето во Копенхаген.

Двајцата борци од самиот старт влегоа во жестока борба отворено мавтајќи со тупаници, но сепак Македонецот го ивлече подебелиот крај и заврши на подот.

Филипс го удри во брадата, а потоа на подот му зададе уште неколку удари што му ја донесе првата победа во УФЦ.

Велшанецот имаше три последователни порази, така што оваа победа е добредојдена. Од друга страна ова е втор пораз по ред за Амедовски во УФЦ, па доколку сака да остане во најелитното натпреварување ќе мора добро да се потруди.