„Elliott Management Corporation“ води преговори за продажба на Милан на францускиот милијардер и конгломерат на Луи Витон, Моет Хенес (ЛВХМ), Бернар Арно, објавува  италијанскиот весник Ла Република. Договорот може да биде во вредност од 960 милиони евра, при што првично беа побарани 1,2 милијарди евра.

Според весникот, продажбата се очекува да заврши до крајот на 2019 година. Доколку се оди добро и Милан стане во сопственост на Арно, тој планира големи промени во тимот.

„LVHM“ е најголемиот мултинационален конгломерат на луксузни производи. Модната империја на Арно има 70 луксузни марки, а нејзиниот нагорен развој го направи Французинот еден од најбогатите луѓе во светот.