Европската фудбалска федерација, УЕФА, планира ново клупско натпреварување што ќе почне од сезоната 2021/2022, потврди претседателот на Европската асоцијација на клубови, Андреа Ањели. Форматот на новото натпреварување ќе биде обелоденет кога таквата идеја ќе биде потврдена од извршниот комитет на организацијата, за што се очекува да биде само формалност.
Целта на ваквиот потег е да се максимизира комерцијалниот потенцијал на врвните европски клубови, но истовремено да се награди успехот во домашните првенства со место во континенталните натпреварување.
Се чека официјално одобрување од Извршниот комитет на УЕФА, но веќе е дадено зелено светло за воведување трето натпреварување. Со него, вкупниот број на клубови што настапуваат во европските натпреварувања ќе се искачи до 96 во сезоната 2021/2022 – истакна Ањели
Европската куќа на фудбалот оствари обрт од 2,8 милијарди евра за сезоната 2016/2017, што е последната година за којашто се објавени финансиските извештаи.
Comments are closed for this post.