Новак Ѓоковиќ одморот го искористи да ја посети Босна и Херцеговина. Таму тој се сретна со пејчката Ханка Палдум која важи за кралица на севдалинките.

Ноле обожува таква музика па не пропушти шанса да се запозне до неа. Но, тоа не им се допадна на фановите кои го критикуваат дека Ханка е голем националист  и оти во деведесетите имаше изјави против Србите.Таа се фалеше дека била во логор и оти мачела Срби, а редовно пееше и на митинзите на првиот претседателона Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ.

Не ми е јасно кој Новак го наведува на вакви глупости.Оваа пејачка е позната по злото што им го нанесуваше на луѓето-лути се фановите на тенисерот.