Стадионот „Ер Албанија“ е убедливо најмодерниот фудбалски стадион во Албанија и еден од најмодерните спортски објекти на Балканот.
Се наоѓа во центарот на Тирана, неговата изградба започна во септември 2016 година.

Стадионот е „опкружен“ со хотели, ресторани, луксузни продавници
Погледот однадвор не остава впечаток дека е стадион, бидејќи има бројни ресторани и кафулиња, хотел, продавници за брендирана облека и обувки, како и казино кое работи нон-стоп.

Рефлекторите не се видливи, а повеќе личи на трговски центар.Албанскиот фудбалски музеј се наоѓа на петтиот кат, а целиот комплекс има конференциски сали, спа центар и подземна гаража.Уникатната кула во рамките на стадионот е висока 112 метри и е највисоката зграда во Албанија.
Comments are closed for this post.