Франческо Тоти и неговата фамилија се соочија со голема трагедија, откако Енцо Тоти, таткото на легендарниот фудбалер ја загуби битката со коронавирусот. Енцо починал во болница, десет денови после хоспилизирањето со влошена здравствена состојба.
Збогум, татко мој! Зад мене се најтешките десет денови, знаејќи дека си сам во против злото, дека не си во состојба да ме видиш, разговараш и прегрнеш. Би направил се да сум покрај тебе. Дефинитивно, сега мојот живот ќе се промени. Ти благодарам, за се што направи за мене. Што од мене создаде силен и храбар човек. – напиша Тоти на социјалните мрежи.
Успехот во фудбалската кариера иконата на Рома му го посвети на својот татко.
Јас бев горд што ми беше и цел живот ќе ми бидеш татко. Се надевам дека и јас те направив горд, како ти мене, жртвувајќи се за мене и нашата фамилија. – изјави Тоти.
Италија се уште е едно од најголемите жаришта на коронавирусот во Европа. Италијаните иако ја држат под контролата ситуацијата, сепак, водат жестока битка со вирусот ковид -19.
Comments are closed for this post.