Ѓердан Шакири, играчот на Ливерпул кој го навлече гневот на српските навивачи бидејќи при прославите на головите ги прекрстува рацете покажувајќи орел, вели дека е разочаран од нивното однесување.

Иако тој не патуваше во Белград, вели дека уште на првиот меч на „Енфилд“ можел да ја почуствува негативната атмосфера.

Слушнав како ми ја пцујат мајката. И мојот татко беше на стадионот така да и тој беше запознат со пцовките, шеговите одговори Шакири.