Македонската фудбалската репрезентација вечерва во 20 и 45 часот го игра последниот меч од групната фаза.Противник е селекција на Гибралтар која се покажа дека не е и толку слаба. За да остане лидер на групата Македонија треба да освои најмалку бод иако е реално да се очекува да одат на победа.

Фото ФФМ

Доколку се оди според планот Македонија ќе го освои првото место во групата по што треба да игра полуфинален меч на свој терен и финале на неутрален.Доколку излезе како првопласирана Македонија ќе игра на Европското првенство 2020 година.

Првото место во групата ќе ни донесе и чекор погоре во следното издание на Лигата на нации и наместо во најслабата Д ќе играме со Ц групата.