Марко Вујин е нов играч на РК Вардар. 35-годишниот ракометар се договори за едногодишна соработка, со што актуелниот европски првак ја реши дилемата за десната бековска позиција. Вујин доаѓа од Спортинг, претходно играше за Веспрем и Кил.