Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде демонстрира почит и претпазливост спрема Манчестер Јунајтед пред судирот меѓу нив на „Олд Трафорд“ од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Влогот е голем и сакаме да се претставиме добро и во двата натпревари. Јунајтед се инспирирани од минатиот круг и нивната добра серија. Во моментов расположението им е до облаците и треба да внимаваме. Не сме си поставувале конкретна цел, но ја знаеме вредноста на гол на гостински терен. Не го постигнавме во Лион и на реваншот требаше да внимаваме да не отпаднеме, изјави Валверде.