Спортистите  на Зимските олимписки игри во Пекинг изразија незадоволство од храната која се служи во Олимпиското село.

Руската биатлонка Валерија Васњецова  на социјалните мрежи сподели слика oд јадењето и објасни дека тоа било и појадок, ручек и вечера со денови.

Како што напишала, со денови добива обични тестенини, јагленосано месо со коски, сос од портокал и никаков зеленчук.

“Ме боли стомак, бледа сум и имам големи црни кругови околу очите. Сакам да заврши ова. Плачам секој ден. Многу сум уморна.Изгубив многу килограми, ми се гледаа коските. Не можам да јадам ништо друго, не знам ништо за моите тестови за корона вели Васнецова.