Сопругата на фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, се огласи на социјалните мрежи во одбрана на својот на сопруг, кој сезонава речиси воопшто не добива шанса за настап. Така беше и на дуелот од Лигата на шампионите против Интер, кога Хрватот не доби шанса за настап и покрај тоа што Барселона го заврши мечот со само две направени замени.

Не може да се има полош односн кон еден таков фудбалер – напиша Ракел Маури, на својата Инстаграм стори.

Покрај острите зборови кон клубот, Маури испрати и поддршка за Ракитиќ за кого изрази гордост поади неговата професионалност во целата ситуација.

И покрај се што ти се случува не се откажуваш. В истински пример си за постојаност, карактерност и професионалност. Поради сето ова те сакам. Ти си голем фудбалер и човек и тоа никој не може да го промени – напиша сопругата на Ракитиќ.

 

View this post on Instagram

 

👨‍👩‍👧‍👧 #lafamiliaunidajamásserávencida

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on