Тренерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер ги пофали неговите фудбалери за победата над Кристал палас (3:1). Норвешкиот стручњак се осврна и на играта на двојниот стрелец Ромелу Лукаку.

  • Лукаку во последно време многу се труди. Се обидуваше многу и беше центарот на вниманието на овој натпревар. Одигра фантастично, како и целиот тим. Имаме многу повредени, но сите играчи кои се на терен, јасно манифестираат желба. Тимот е фантастичен, вели Солскјер.

Под негово водство Јунајтед нема пораз во Премиер лигата и има биланс од девет победи и две нерешени средби